Провокација за Меси во Лисабон: Најдобар на светот е – Роналдо!

Португалскиот тим Спортинг Лисабон вечерва ја пречека Барселона во рамките на групата Д од Лигата на шампионите, а фановите на овој клуб подготвија специјална кореографија за Лионел Меси.

Се потрудија да биде во „3Д“, а на неа беше Кристијано Роналдо. Се разбира, со парола дека тој е најдобар фудбалер во светот.

Кристијано Роналдо својата кариера ја почна токму во Спортинг Лисабон, од каде замина во редовите на Манчестер јунајтед, а сега е голем адут на Реал Мадрид, и вечен конкурент на Лионел Меси.

Се вчитува...