Светот се уште жали за смртта на најдобриот фудбалер на сите времиња Диего Армандо Марадона. Аргентинските медиуми по смртта не престануваат да пишуваат за борбата за наследството на легендарниот фудбалер. Како најнов детаљ во фокус е препознатливиот прстен кој Диего често го носеше во јавноста.
Откриено е дека постои посебна кутија во која Аргентинецот ги чува своите богатства добиено во текот на кариерата, а покрај 200 предмети во неа се наоѓа и споменатиот прстен.
Вредноста на овој прстен е 300.000 американски долари, а зад него се крие необична приказна. Во 2018 година Марадона отпатува во Белорусија како би ја презел функцијата претседател на Динамо Брест. По доаѓањето Марадона го доби прстенот како поклон и оттогаш не се одделуваше од него. Не е вообичаено некој кој доаѓа во белорускиот тим да добие така скапоцен поклон, но очигледно за Марадона беше направен исклучок.
По неговата смрт прстенот се уште се наоѓа во кутијата со вредните предмети.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА