Првиот натпреварувачки ден го донесе и првото големо изненадување на Вимблдон, откако рускиот тенисер Данил Медведев го елиминираше Станислас Вавринка. Швајцарецот ја имаше улогата на трет носител на овој гранслем турнир, со евентуална титула можеше да се искачи и на врвот на АТП-листата, но Вавринка денеска тотално потфрли, му дозволи на противникот да доминира и заслужено го загуби мечот со 1-3 во сетови.
Медведев го доби првиот сет со 6-4, Вавринка возврати со 3-6, но потоа Русинот повторно ја презеде контролата и славеше со 6-4, 6-1 во преостанатите два сета и заслужено се пласираше во следната рунда. Рускиот тенисер го заврши мечот со 42 винери наспроти 31 на Вавринка, а Швајцарецот имаше десет неизнудени грешки повеќе од својот противник (39-29).
Рафаел Надал рутински ја одработе својата задача славејќи над Австралиецот Милман со 6-1, 6-3, 6-2. Следен противник за Шпанецот ќе биде Доналд Јанг, кој го доби денешниот дуел со Истомин откако противникот го предаде мечот при резултат 2-1 во сетови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА