Прв гол на Милан Ристовски сезонава, Бохемијанс со бод против тимот на Костадинов

Убав гол на Милан Ристовски за Бохемијанс во дуелот со Сигма Оломуц во чешкиот шампионат. Македонецот од свртуваше го погоди долниот лев агол од голот на противникот, и донесе водство.

Сепак, гостите за само две минути успеаја да направат пресврт, а потоа во второто полувреме Бохемијанс со втор гол стигна и до бод на овој меч.

Ристовски беше на теренот до 81. минута, и не успеа да се сретне со Тихомир Костадинов на теренот, кој влезе во игра само минута подоцна.

Се вчитува...