Повеќемесечната пауза не го исфрли од ритам Ерлинг Халанд, кој продолжи онаму каде што застана пред прекинот на сезоната. Симболично, првиот погодок во Бундес-лигата по паузата го постигна токму „чудото од дете“ на Борусија Дортмунд, отворајќи го резултатот на рурското дерби против Шалке.
„Милионерите“ имаа повеќе од играта, а до заслужено водство стигнаа откако Азар одлично нафрли од десната страна, а Халанд со беспрекорен голгетерски инстинкт ја смести топката во мрежата на гостите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА