Во Пекинг од 14 часот започна пријателскиот натпревар помеѓу Аргентина и Австралија, а на Лионел Меси му беа потребни само сто секунди за да постигне прекрасен гол.
Тренерот на актуелниот светски шампион, Лионел Скалони, на теренот го извади најсилниот можен тим, како да се работи за меч од натпреварувачки карактер.
Секако, потребно е да се оправда долгиот пат и навивачите во Пекинг, но и спонзорите, а Меси се потруди да го разубави почетокот на мечот.
Се играше втората минута кога во негов стил погоди на феноменален начин.
LEO MESSI. WHAT A GOAL!
INSIDE TWO MINUTES 🇦🇷🐐 pic.twitter.com/etyJibEwCc
— Sara 🦋 (@SaraFCBi) June 15, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

