Прв гол за Ал Наср: Кристијано од трагичар до спасител

Кристијано Роналдо конечно го постигна својот прв гол во дресот на Ал Наср на меч во шампионатот на Саудиска Арабија, откако португалскиот ас го спаси својот тим од пораз на гостувањето против Ал Фатех (2-2).

Ал Наср беше во негатива од 2-1 до самиот финиш, кога во судиското продолжение од второто полувреме беше досуден пенал за оваа екипа, што Роналдо рутински го претвори во гол за 2-2. Со тој погодок, Португалецот од трагичар се претвори во спасител, ако се знае дека во првото полувреме не реализираше две стопроцентни шанси за гол.

Се вчитува...