Кошаркарите на Анадолу Ефес, дојдоа до првиот гостински триумф сезонава во Евролигата, откако го совладаа Монако со 82-89. Натпреварот беше неизвесен, ниту еден тим не успеа да се одлепи со поголема разлика, а турскиот тим речиси во целиот меч имаше предност, со тоа што Монако успеа да го добие само третиот период.
Ларкин беше незапирлив во редовите на гостите, и постигна 25 поени, додека Беабу со 21 беше зад него.
Гостински триумф оствари и Олимпијакос, откако на неутрален терен го совлада Макаби Тел Авив 74-79. Грчкиот тим уште по првиот дел го реши победникот, а во вториот Макаби се обиде да се врати, но разликата беше недостижна, иако во финишот израелскиот тим успеа да дојде и до негатива од два поени разлика.
И покрај поразот, најефикасниот доаѓа од таборот на Макаби и тоа Соркин кој постигна 16 поени, додека Вокап беше најефикасн кај победничкиот тим со 13.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА