Првиот „Italian Open Moto Day“ во Македонија, настан посветен на промоција на италијанската мото индустрија во организација на Амбасадата на Р.Италија и ДИНАМИКС, ќе се одржи на 8. јули, на паркингот на средно Водно, од 18 до 23 часот.
Од 18 до 20 часот љубителите на мотори и брзина ќе имаат можност за запознавање со моторите и тест возење. Во 20 часот настанот ќе го отворат Амбасадорот на Италија, Н.Е. Андреа Силвестри и Сашко Коцев, кои на уникатен и забавен начин ќе ги претстават најновите модели VESPA GTS 75th, Moto GUZZI V7 Stone Centenario, и Ducati Monster.
„Од 21 часот следат два часа дружење, забава и уживање со италијанска рок музика, италијанска храна и пијалоци“ – информираат организаторите на настанот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА