Српскиот првак Црвена Звезда го ангажираше првиот италијански фудбалер во клупската историја. Диего Фалчинели, напаѓачот на Болоња, ќе игра на едногодишна позајмица во „црвено-белиот“ дрес, а Црвена Звезда има и право на целосен откуп на договорот. Релациите секако ги оствари тренерот Дејан Станковиќ кој долги години настапуваше во Серија А.
„Беше навистина возбудливо последните денови кога разбрав дека Црвена Звезда ме бара да бидам член на клубот. Драго ми е што сум тука и што ќе ги бранам боите на така голем европски клуб, поранешен шампион на Европа“, изјави Фалчинели по пристигнувањето на стадионот „Рајко Митиќ“.
Фалчинели минатата сезона ја мина на позајмица во Перуџа и на 27 натпревари постигна три гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

