Прв „кикс“ и на Мурињо се му пречи: Не ми се допаѓа кога ликот пред компјутер станува поглавен од главниот судија

Тренерот на Бенфика Жозе Мурињо имаше забелешки од работаота на ВАР системот на натпреварот со Рио Аве, кој заврши без победник 1-1.

За време на мечот, судијата Серхио Гељо поништи гол на Бенфика поради прекршок на дефанзивецот Отамендо, откако ги виде видео снимките.

„Резултатот е неправеден, затоа што едниот тим сакаше да победи, а другиот сакаше нерешено. Но, тоа е фудбалот. Овој нов фудбал не ми се допаѓа. Не ми се допаѓа тоа што човекот зад мониторот станува главен лик. Ако голот е поништен затоа што некој го повлекол за дресот… Судијата едноставно нема карактер“, рече Мурињо.

Се вчитува...