Прв кикс на Барселона: Рајо стигна до бод против фаворизираните каталонци

Рајо Валекано и одзема бодови на фаворизираната Барселона во 3. коло од шпанското првенство во натпревар во кој домаќините имаат и за што да жалат бидејќи можеа да стигнат и до целиот плен.

Барселона прва поведе преку контроверзниот пенал на Лемин Јамал во 40. минута од средбата, а предноста од 1-0 за каталонците остана и на полувремето. Рајо покажа фантастична борба во вторите 45. минута па брзо стигна и до изедначување преку Паез во 67. минута од средбата кој упати неодбранлив обид од шестнаесетникот.

Рајо имаше шанси и да направи целосен пресврт, но голманот на Барселона, Гарсија беше на врвот на својата задача бранејќи повеќе 100 отстотни шанси па и сосема заслужено го доби признанието за играч на натпреварот.

Се вчитува...