Утрово беа комплентирани неколку натпревари од јужноамериканската квалификациска група за Светското првенство во Катар, што ќе се одржи на крајот од 2022 година. За првпат од почетокот на натпреварувањето, Бразил не забележа победа, „кариоките“ забележаа ремии 0-0 на гостувањето во Колумбија. Бразил e прв во својата група со освоени 28 поени, 6 повеќе од второпласираната Аргентина.
Вистински спектакл од ова коло видовме на дербито меѓу Аргентина и Уругвај, меч на кој Меси и компанија остварија убедлива победа од 3-0.
Лионел Меси ја најави големата победа во 38-та минута, успевајќи да го измами голманот и да постигне одличен гол со феномално „ефе“. По само шест минути, Родриго Де Пол донесе ново водство за Аргентиnа, па со резултат од 2-0 се замина на пауза.
Аргентинците и во второто полувреме го покажаа својот квалитет, а одличната игра ја „круниса“ Лаутаро Мартинез 62-та минута.
РЕЗУЛТАТИ КВАЛИФИКАЦИИ СП 2022:
Венецуела – Еквадор (2-1)
Боливија – Перу (1-0)
Чиле – Парагвај (2-0)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА