Прв „кикс“ на ПСЖ: Само бод против Ремс

Екипата на ПСЖ го направи првиот „кикс“ во францускиот шампионат, откако играше нерешено 1-1 против Ремс. Во меч во кој имаше целосна доминација, дури 78% од поседот на топката, сепак, избраниците на Луис Енрике на крајот се спасуваа, односно мораше да анулираат негатива.

Накамура во 9. минута му донесе на Ремс сензационално водство. ПСЖ се обиде да израмни уште во првиот дел, но не успеа.

Усман Дембеле во 68. минута донесе резултатска „симетрија“, меѓутоа не успеа ПСЖ да ја круниса иницијативата и со втор гол, и така мораше да се задоволи со бод.

Се вчитува...