Прв меч на Стоилов како тренер – и веднаш трофеј со Вардар

Стојанче Стоилов со години како капитен на „вардарци“ креваше бројни трофеи, но долгогодишниот репрезентативец ќе го памети долго денешниот ден, кога го крена првиот пехар како тренер на „црвено-црните“.

Стоилов ја почна сезоната како асистент на Недановски, но поради суспензијата на првиот тренер тој беше главен крај аут линијата на двократниот европски шампион. Тој ја доби тактичката битка со Јовиќ, Шундовски и Ангеловски на спротивната страна, играчите на Вардар знаеја како да ги спроведат замислите на стручниот штаб и „црвено-црните“ на крајот заслужено се радуваа на пехарот.

Вардар дефинитивно покажа дека е клуб со сериозни амбиции во новата сезона, а Стоилов – дека има потенцијал да биде подеднакво успешен тренер како што беше и како играч.

Се вчитува...