Јаник Синер се врати на терените по одлежаната тримесечна суспензија поради допинг-скандалот, при што првиот светски рекет немаше проблеми на својот премиерен меч во Рим, совладувајќи го Маријано Навоне со 2-0 во сетови.
Синер рутински го доби првиот сет со 6-3, во вториот беше егал до 4-4, кога фаворитот успеа да направи брејк и да стигне до максимална победа.
„Чувството е неверојатно. Долго го чекав овој момент, многу сум среќен што се вратив. Тешко е да претпоставите на кое ниво сте кога не играте мечеви, дадов се од себе, имаше одлични моменти и грешки, но генерално сум задоволен од она што го покажав“, изјави Синер по победата.
Негов следен противник ќе биде Јеспер де Јонг, кој го демолираше Алехандро Давидович Фокина со 6-0, 6-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

