Прв меч во Турција и веднаш гол – Барди со првенец за Трабзон (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Енис Барди на дебито за Трабзон во турското првенство веднаш ја затресе мрежата. По одличната контра на неговиот тим тој се најде на вистинското место во вистинското време и не ја пропушти шансата искусно да ја смести топката во мрежата на непоставениот голман.

Голот на Барди ја убалжи негативата која неговиот Трабзон ја има на полувремето на гостувањето кај Анталијаспор (2-1). Претходно во 14. и 40. минута голови за гостите постигнаа Фернандо и Рајт.

Ова е втор натпревар за Барди во дресот на Трабзон откако претходно дебитираше во Лигата на Шампионите.

Се вчитува...