Прв обид на Перез: Реал со 135 милиони евра за Азар

Реал Мадрид уште во првите денови од отворањето на зимскиот преоден рок ќе испрати понуда до Лондон, односно до Челси, за услугите на Еден Азар. Првата понуда треба да изнезува 135 милиони евра, од Мадрид сметаат дека сумата е доволна за Челси да попушти и да се откаже од својот најдобaр фудбалер. Перез започнува операција „нов галактико“, а како прво засилување ќе се обиде да  му ја исполни желбата на Зинедин Зидан.

Репрезентативецот на Белгија наводно одбил да го продолжи договорот со „сините“ и покрај тоа што според новиот договор би бил најплатениот играч во Премиер – лигата, Азар сака да го напушти „Стемфорд бриџ“ и со цел да го оствари сонот да заигра во „кралскиот“ дрес.

Сепак, според англиските медиуми Реал ќе има конкуренција за неговиот потпис, откако Манчестер јунајтед стартуваше „невозможна“ мисија во обид да го доведе Азар во своите редови, Мурињо одново ќе се обиде да го оштети својот поранешен клуб.

  

Се вчитува...