Прв отказ во франуцското првенство – Лион остана без тренер

По само четири кола во француското првенство падна и првиот отказ. Истиот го доби Лорент Бланк кој повеќе не е тренер на прволигашот Лион, информираат тамошните медиуми.

Бланк изминатата сезона ја заврши на третото место на табелата, но новата ја започна со три порази и едно реми што беше доволно за раководството на тимот да се одлучи да ја прекине соработката и покрај двогодишниот договор со Французинот.

Тимот во следниот период  ќе го предводи Жан-Франсоа Вулие, еден од помошниците на Бланк, но очеквањата се дека седумкратниот шампион ќе добие нов стратег на клупата. Едно од имињата кои се споменуваат е и легендарниот Џенаро Гатузо.

Се вчитува...