Прв пат по осум години два тима во НБА не ја надминаа границата од 80 постигнати поени

НБА лигата важи за кошаркарско првенство каде одбраните се во втор план па и затоа раководството размислува за промени кои ќе донесат поголема борба на теренот и акцент ставен во дефанзивата.

А, додека истите се очекува да се имплементираат од следната сезона, изминатата вечер беше одигран натпреварот со најмал број на поени во последните осум години.

Њујорк Никс и Филаделфија се сретнаа во „Медисон Сквер Гарден“, а натпреварот заврши со триумф на гостите од 73-79 што е прв натпревар од 2016 година во кој двата тима не успеаја да ја минат границата од 80 постиганти поени.

Се вчитува...