Македонскиот тим „PSS racing team“ оствари одличен резултат на денешната трка од ТЦР Европа што се возеше во Франција, откако возачот Нестор Џиролами стигна до втората позиција. Ова е прв подиум за „PSS racing team“, огромен успех, воедно и мотив за уште подобри резултати во периодот што следи.
Џиролами стартуваше од 7. позиција на обратниот грид на стартот по вчерашниот пласман (кога ја освои петтата позиција) и веќе во првиот круг надомести две позиции, една поради откажувањето на Брише. Набргу потоа го претекна Теди Кларе со два одлични маневри и го превзеде третото место.
Меди Бенани беше казнет со минување низ боксот, што му овозможи на Џиролами и PSS Racing Team да напредуваат на втората позиција за најдобриот пласман на македонската екипа во досегашното учество во ТЦР Европа првенството.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА