Јагелонија за која настапува македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов го забележа првиот пораз во Конференциската Лига откако во 5. коло загуби на гостувањето во Чешка кај Млада Болеслав со минимални 1-0.
Македонецот беше на теренот од почетокот до крајот на средбата, но овој пат не му донесе три бода на својот тим. Јагелонија загуби со голот на Видра во 76. минута од средбата.
Пораз забележа и Борац Бања Лука на македонскиот голман Дамјан Шишковски кој овој пат не се најде меѓу стативите. Тимот од БиХ загуби со убедливи 3-0 на гостувањето во Ирска против Шамрок Роверс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА