Прв пораз на македонската женска фудбалска репрезентација до 19 години

Македонската женска фудбалска репрезентација до 19 години го забележа првиот пораз во квалификацискиот турнир од Б лигата за пласман во А лигата на квалификации за Европското првенство откако во 3. коло загуби на гостувањето кај Хрватска со 2-0.

Хрватските фудбалерки ја потврдија фаворитската улога со головите на Весели во 13. минута и Петковиќ во 74. минута.

Селекторот Астрит Мерко на денешниот натпревар сметаше на: Комненова, Јованоска, Петкова, Ѓорѓиева, Василева, Конева, Дика, Димитриоска, Велиу, Димитриоски и Илиевска.

Се вчитува...