Одбојкарките на Македонија го претрпеа првиот пораз во ЦЕВ сребрената лига, откако вечерва во Струмица загубија убедливо од Швајцарија со 0-3 (во сетови 7-25, 16-25 и 6-25). Швајцарките беа далеку подобар ривал, и заслужено ја оправдаа улогата на фаворитки од овој меч.
После победата над Луксембург на отворањето, Македонија не успеа да парира против Швајцарција, која дојде и до вториот триумф, и вторпат максимален со 3-0.
На 6. јуни, Македонија ќе игра против Фарски Острови, а ден подоцна со Австрија. Потоа на 13-ти и на 14-ти следуваат последните два меча со Израел, односно против Грузија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА






















