Заврши серијата од седум победи во низа од стартот на новата сезона на домашен терен на тимот на најдобриот македонски стратег Емил Рајковиќ, Тофаш.
Тофаш првиот пораз на домашен терен сезонава во турскиот шампионат го доживеа дури по скоро месец дена во новата 2026 година откако вечерва беше поразен од големиот ривал Галатасарај со 78-91.
Гостите во текот на целиот меч го контролираа резултатот и на крајот заслужено стигнаа до победа. Тофаш по денешниот пораз се наоѓа на 8. место на табелата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

