Најдобриот македонски кошаркарски стратег Емил Рајковиќ и неговата ЦСКА Москва го забележаа првиот пораз сезонава во руската ВТБ лига откако беа поразени на домашен терен од Локомотив Кубан со 88-91.
Гостите одиграа подобро прво полувреме кое на крајот се покажа како пресудна за победата, иако избраниците на Рајковиќ заиграа подобро во вториот дел, сепак немаа сила да направат целосен пресврт.
Вајт Окаро со 23 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Мело Тримбл постигна 18 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА