Возачот на Ред Бул КТМ Ајо, Хорхе Мартин е првиот позитивен случај на коронавирус во мотоциклистичкиот шампионат. Мартин ќе ја пропушти неделната трка за Големата награда на Сан Марино во Мото 2 категоријата.
Мартин е првиот возач во било која од трите класи кој е заразен со коронавирус од почетокот на сезоната. Младиот Шпанец следните денови ќе ги помине во изолација исто како и дел од тимот кој бил во контакт со него. Тој нема да биде дел од трката на патеката „Марко Симончели“ што во голема мера ќе ги намали неговите шанси за освојување на титулата. Шпанецот во моментов е на делба на втората позиција во генералниот пласман во Мото 2 заедно со Енеа Бастианини, а двајцата возачи имаат осум бодови помалку од лидерот Лука Марини.
Големата награда на Сан Марино инаку е првата од дури деветте трки во шампионатот кои ќе бидат возени во следните единаесет недели.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА