Прв скандал на Летните олимписки игри во Париз и тоа од таборот на женската фудбалска селекција на Канада. Суспендирана е селекторката на Канада, Веверли Пристман откако нејзините помошници беа фатени како со дрон го шпиунираат тренингот на нивниот противник на ЛОИ, екипата на Нов Зеланд.
Пристман е отстранета од ЛОИ 2024, а покрај неа дома се испратени и асистентката Јасмин Мандер, но и аналитичарот на тимот Џозеф Ломбарди.
Селекторската функција на Канада на Олимписките игри ја презеде Енди Спенс, кој славеше токму против Нов Зеланд со 2-1 на првиот меч на Игрите.
Пристман, пак, им се извини на Нов Зеланд истакнувајќи дека сето тоа што го направиле не претставува вредност за која нејзиниот тим и таа лично се залагаат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА