Жозе Мурињо изненади со изборот на стартните единаесетмина во својот прв меч на клупата на Тотенхем, гостувањето против Вест Хем. Португалецот не смета на Кристијан Ериксен, кој одбива да потпише нов договор со клубот, како и на Сисоко, кој беше најстандарден кај Маурицио Покетино. Затоа, во средниот ред се враќа англискиот репрезентативец Ерик Дајер, кој премногу ретко добиваше шанса на стартот од сезонава.
„Специјалниот“ за дуелот со Вест Хем ги избра следните единаесетмина: Газанига, Орие, Дејвис, Алдерверелд, Санчез, Дајер, Винкс, Али, Сон, Моура, Кејн.
Останува да се види како ќе течат работите на лондонската пресметка и дали тактиката на Мурињо, кој мина само неколку дена во клубот, ќе вроди со плод.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА