Алисон Бекер веќе на првиот тренинг со новите соиграчи од Ливерпул покажа зошто е донесен на „Енфилд“. Откако „црвените“ со години наназад имаат проблеми на голманската позиција, Бразилецот би требало да биде решение за таа главоболка на Јирген Клоп.
Доказ за тоа е и денешниот тренинг на кој Алисон со фантастична интервенција го запре Марко Грујиќ од еден метар да ја затресе неговата мрежа.
Навистина, ова е само тренинг, можеше и Грујиќ подобро да шутира, но фановите на Ливерпул мора да се радосни кога ваков голман дојде како замена за Кариус, човекот кој ги чинеше трофеј во Лигата на шампионите.
Look at this save on just his first day. Ridiculous. The Premier League isn’t ready. #LFC #Alisson pic.twitter.com/1QdneEK6Dw
— The Anfield Network (@AnfieldNetwork_) July 31, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА