Прв тренинг на Франција на германско тло, и веднаш проблем

Француската репрезентација допатува во Германија и утрово го имаше првиот тренинг на германско тло, што веднаш донесе и сериозен проблем за селекторот Дидие Дешамп. Имено, левиот бек Тео Хернандез издржа само дваесетина минути од тренингот, по што заедно со репрезентативниот доктор се упати кон соблекувалната, зголемувајќи ги стравувањата дека дефанзивецот на Милан нема да може да помогне на тартот од шампионатот.

Хернандез се жалеше на проблем со коленото по последниот пријателски меч со селекцијата на Луксембург. Тој ги пропушти последните тренинзи во татковината и се очекуваше да биде „фит“ за стартот од поготовките во Германија, но веќе стана очигледно дека тоа не е возможно. Деталните лекарски прегледи ќе покажат колку ќе изнесува паузата на левиот бек, но речиси сигурно е дека тој нема да може да настапи на премиерниот дуел против Австрија закажан за 17 јуни во Дизелдорф.

Добра вест за селекторот Дешамп е што двајцата играчи за врска, Адриен Рабио и Орелиен Чуамени, денеска го одработеа тренингот со остатокот од селекцијата и ќе бидат во комбинација за настап против Австријците.

Се вчитува...