Новиот тренер на Металург, Зоран Кастратовиќ, вечерва го одржа првиот тренинг во „Автокоманда“, запознавајќи се со ракометарите кои ќе ги води во наредниот период.
Кастратовиќ ќе има одговорна задача не само да го внесе Металург во плејофот, туку и да се обиде да постави темели за сериозен тим во иднина. Искусниот стручњак ќе дебитира на клупата на новиот клуб на гостувањето во Битола против Пелистер наредниот викенд, меч на кој скопската екипа ќе ја има улогата на голем фаворит.
Една од целите пред новиот стратег сигурно е и пласман во групната фаза од ЕХФ-Купот, откако Металург денеска за ривал го доби словенечкиот претставник Горење Велење.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА