Манчестер Јунајтед со победа ги стартуваше подготовките во Австралија откако „црвените ѓаволи“ попладнево триумфираа на дуелот против Перт глори со 2-0.
Првото полувреме не донесе преголеми возбудувања, а резултатот во 60. минута го отвори Маркус Рашфорд. Конечните 2-0 со својот прв допир со топката по влегувањето во игра ги постави младиот Џејмс Гарнер.
Оле Гунар Солскјер на овој натпревар поради ситни повреди не можеше да смета на Ромелу Лукаку и на Виктор Линделоф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА