Каролин Вознијацки стигна до првата победа на ВТА-шампионатот во Сингапур, каде данската тенисерка е бранителка на трофејот освоен минатата година.
Данката играше многу променливо во последно време, во претходните четири дуели со Квитова имаше исто толку порази, за сепак по голема битка да дојде до својот прв триумф над чешката тенисерка по пауза од четири години.
Првиот сет мина во израмнета игра, за Вознијацки на крајот да слави со 7-5, Квитова возврати со 3-6 во вториот сет, но данската тенисерка беше далеку подобра во решавачките моменти, добивајќи го третиот сет со 6-2 за зголемување на шансите за место во полуфиналето. Квитова, која претходно загуби и од Свитолина, сега се наоѓа на работ на елиминација на завршниот турнир.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА