Македонскиот прволигаш Шкендија конечно почна да победува и под водство на Томас Брдариќ. Новиот шеф на стручниот штаб имаше можност да се израдува на првиот триумф како кормилар на тетовци на денешниот пријателски натпревар против словачкиот прволигаш Подбрезова (2-0).
Капитенот Ферхан Хасани ја доведе Шкендија во водство во 27.минута, откако по двојно проигрување си овозможи убава можност за да го совлада голманот на Подбрезова. Во вториот дел, Шпенд Асани во 79.минута го постигна вториот погодок за Шкендија, потврдувајќи го триумфот.
Тренерот Томас Брдариќ на овој меч им даде шанса на следните стартери: Јовановски, Бејтулаи, Чолак, Цуцули, Челиковиќ, Алими, Зејнулаи, Имери, Хасани, Ибраими, Меѓедовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА