Прв трофеј на Роналдо со Јуве: Освоен Суперкупот на Италија (ВИДЕО)

Јувентус го освои Суперкупот на Италија победувајќи со 1-0 во пресметката против Милан која се одигра во Једа, Саудиска Арабија.

Ова е прв трофеј за Кристијано Роналдо во црно-белиот дрес кој, на некој начин, и самиот си го донесе со погодокот во 61. минута, а на асистенција на Пјаниќ…

 

Задачата за „Старата дама“ да стигне до триумфот и трофејот во Суперкупот беше олеснета во финишот и по црвениот картон кој го заработи фудбалерот на Милан, Франк Кеси во 73. минута од средбата.

Јувентус е четирикратен по ред освојувач на двојната круна во Италија, а Милан е финалист од минатогодишниот Куп на Италија кога загуби од „Старата дама“ убедливо со 4-0.

Се вчитува...