Коронавирусот забрзано се шири низ Германија, па денеска го имаме и првиот случај на Ковид-19 во ракометната Бундес-лига. Станува збор за Мадс Менсах Ларсен, данскиот интернационалец кој настапува за тимот на Рајн-Некар Левен, а кој низ годините му им беше соиграч и на македонските репрезентативци Дејан Манасков, Филип Талески и Борко Ристовски.
„Менсах Ларсен имаше симптоми на грип, а по извршеното тестирање тој беше позитивен на коронавирус. Тој сега се чувствува добро, но веднаш беше испратен на 14-дневен карантин заедно со членовите на неговото семејство. Во контакт сме со нашиот клупски доктор, како и со властите и правиме се што е во наша моќ за да спречиме дополнително ширење на вирусот“, објави Рајн-Некар Левен преку официјалнатаа веб-страница.
Менсах Ларсен е член на „лавовите“ уште од 2014 година, но летово тој ќе си замине од овој клуб откако веќе го договори трансферот во редовите на Фленсбург.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

