Милан експресно го остави зад себе шокантниот пораз од Кремонезе во првото коло, славејќи на гостувањето против Лече со 0-2 за прва овосезонска победа во Калчо-лигата.
„Росонерите“ успеаја да постигнат два гола преку Габија и Хименез, но двата беа поништени по реакции од ВАР-собата. Трета среќа за „росонерите“ беше кон средината на второто полувреме кога прецизно со глава биеше Лофтус Чик по центаршутот на Лука Модриќ, прва асистенција на хрватскиот генијалец по летниот трансфер од Реал Мадрид во Милан.
Точка на победата во финишот стави Пулишиќ, кој влезе во игра во второто полувреме, искористи една грешка на домаќините и рутински ја смести топката во мрежата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

