Минатата година за Икер Касилјас и за неговата сопруга Сара Карбонеро беше исклучително тешка. Легендарниот голман доживеа инфаркт на тренингот на Порто поради што беше принуден да ја заврши кариерата, а неколку дена подоцна неговата сопруга објави дека има рак на јајниците.
И двајцата една година водеа тешка борба. Икер се опорави навестувајќи сега дека планира и враќање на фудбалот, со некоја функција, а Сара по долго време објави фотографија нагласувајќи дека се чувствува добро. Траги и борбата со тешката болест се видливи, но покажа дека е храбра жена која умее да се избори за живот…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА