Маврово беше местото на одржување на првата хронометар велосипедска трка во Македонија, насловена “Halk Velo Green”. Право на учество имаа лица над 16 години, а учесниците се натпреваруваа во две категории според тежината на патеката – Про и Хоби. Рутата во должина од 22 км, се возеше во правец Бистра – Леуново – Бистра.
Во категоријата „Про“ во женска категорија, победи Андријана Анастасоска од Куманово со рекордно време од 39 минути и 44 секунди. Втора е Анита Величковска со време 40 минути и 14 секунди, додека на третото место со 6 секунди разлика е Дуња Иванова со време на возење од 40 минути и 20 секунди.
Во машка конкуренција, победник со рекордно време од 31 минута и 58 секунди е Никола Лефков. Второто место го освои Благоја Перуновски со време 32 минути и 32 секунди, додека на трето место се пласираше Димитар Јованоски со четири секунди послабо време од второпласираниот Перуновски.
Во категоријата „Хоби“, во женска категорија, првото место го зема Маргарита Ставревска од Скопје со време на возење од 41 минута и 38 секунди. На второ место е Емилија Пајковска со 44 минути и 43 секунди, а на трето место е Лидија Мано Илиев со време 45 минути и 39 секунди.
Во машка конкуренција во категоријата „Хоби“, победник е Кирил Марковски со време 33 минути и 23 секунди. Второто место го освои Ицко Димитриевски со 34 минути и 53 секунди, додека на трето место е Горан Солздановски со време 35 минути и 28 секунди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА