ПРВА ЛИГА 11. КОЛО: Шкупи ја совлада Ренова и осамна на врвот (ВИДЕО)

Шкупи е осамен тим на врвот на табелата во ПМФЛ. По денешната победа над Ренова, чаирската екипа направи добра предност. Триумф од 2:1, остварен во вториот дел од средбата, кога, конечно, избраниците на Гоце Седлоски ги искористија шансите, откако во првиот дел не реализираа добри барем три прилики. Најпрво Адетунџи погоди, а потоа и Алварез од пенал донесоа солидна предност за Шкупи, а Мустафов само намали на 2:1 на седум минути пред крајот на средбата.

Уште од стартот на натпреварот Шкупи притисна да даде гол, па така првата закан дојде од Трапановски кој шутираше по средината каде беше сигурен Велии. Потоа следуваше и обидот на Цветаноски, но одново Велии одбрани. Следуваше супер прилика за Алварез од слободен удар, но Велии ја „извади“ топката од аголот.

После 25. минута Ренова успеа да воспостави рамнотежа, па и да игра со топката, а Шкупи мораше на моменти и со остри прекршоци да ја сопира нивната доминација, со што заработија два жолти картони.

Во таа рамнотежа дојде и првата шанса на Ренова преку Јусуфи, но одбрани Наумовски.

Алварез имаше уште еден обид во 31. минута, но заврши за малку над голот. Така двата тима не успеаја да го најдат патот до двата гола.

Шкупи не застана ниту на стартот од вториот дел. Очигледна беше желбата кај избраниците на Гоце Седлоски да го отворат резултатот, па продолжија со офанзивата и со доминацијата.

И, конечно, тоа даде плод во таа 55. минута. Долга топка од одбраната кон Цветаноски кој се најде во добра позиција, испрати проигрување до Сандеј Адетунџи кој само ја чепна топката со глава, и ја смести во мрежата.

Ренова, пак, веднаш врати со шанса преку Селмани, но не успеа да реализира.

Шкупи како да подазастана, но свесно, препуштајќи ја иницијативата на Ренова, а потоа во 68. Минута еден противнапад на Шкупи преку Адетунџи, кој во обид да шутира, но над него имало старт од Мустафов, за пенал за Шкупи. Домашните реагираа кон Стојчевски, но залудно.

Алварез од белата точка беше прецизен за водство на екипата од Чаир од 2:0.

И наместо мирен крај, мечот имаше неизвесна завршница. Мустафов во 83. минута намали по центаршут од левата страна, за Ренова да остане во игра за да избегне пораз од Чаир.

Сепак, до крајот немаше сериозна шанса за Ренова, за конечен триумф на Шкупи и радост на домашните навивачи.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...