Колото број 2 донесе неколку натпревари во кои фаворитските екипи дојдоа до убедливи победи. Од оние пет кои имаа идентичен ефект, застана само екипата на Мега баскет која загуби убедливо на гостувањето кај Соколи 1933.
СТРУМИЦА 2001 – ВОДНО САНС 102:80
Имаа струмичани тројца мошне расположени играчи во фазата на нападот на дуелот со Водно санс. Гостите од Скопје ја добија првата четвртина, (24:21), но во продолжението доминација на струмичани, кои веќе до полувремето остварија предност (52:43).
Уште подобро изгледаше нивниот напад во третата четвртина во која реализираа 33.поени со кои ја заверија победата.
Александровски постигна 24.поени, Д. Пандев еден помалку, а Шајкаров заврши со 20. реализации за домашната екипа.
Во гостинската, Митев беше реализатор на 25.поени, додека Сребров додаде 15.
БУТЕЛ – ВАРДАР 110:70
Изненадувачки висока, и убедлива победа реализираа кошаркарите на Бутел во дуелот со екипата на Вардар. Најголем дел од обврските ги реализираа во текот на првото полувреме во кое обезбедија позитива од (60:29), со која го решија прашањето околу победникот.
Лазаревски одигра максимално ефикасно, беше стрелец на 29.поени, го следеше Јанески со 22, Атанасов додаде 16, а Киров 11.
За Вардар, Терзиевски постигна 22, а Ѓорѓевиќ 10.поени.
СОКОЛИ 1933 – МЕГА БАСКЕТ 91:66
Предводени од двоецот Хамилтон-Караколев, екипата на Соколи 1933 дојде до мошне важен триумф против екипата на Мега баскет. Искомбинираа половина од поените на штипскиот прволигаш – 45 кој со оваа победа останува на делба на првата позиција.
Во гостинската екипа, Митков имаше 13.поени, Јовановски 12, а Димитриевски 10.поени.
БОРЕЦ БАСКЕТ – ОХРИД 91:73
Во трката за првото место останува и екипата на Борец баскет, која без проблеми стигна до висока победа против прволигашшот од Охрид.
Гостите беа подобри во првиот пеиод, кој го реализираа во своја корист со (20:19). Но до крајот на натпреварот велешани ја преземаа иницијативата. До полувремето обезбедија предност од (40:37), а триумфот го потврдија во третиот, во кој додадоа уште десет поени во позитивата (63:50).
Тимоти го предводеше тимот од велес, со реализација на 30.поени. Штерјов додаде 13, а несторовси и Сапроновски имаа уште по 12.
Во тимот од Охрид, Кузманоски имаше 16. поени, а Димитриевски и Челик по 13.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

