Прва лига: Дербито за Струмица ФМП, Бутел убедлив против Борец

Кошаркарите на Струмица ФМП се многу блиску до освојување на првото место во групата Б од Првата лига откако во дербито на колото славеа над Соколи од Штип со 78-68.

Пресудна се покажа втората четвртина во која струмичани се одлепија, на одмор заминаа со 41-28 и потоа го контролираа резултатот до самиот крај. Со овој триумф, Струмица ФМП сега има скор 9-2 во оваа група, пред Соколи Штип со 8-3.

Капитенот Шајкаров постигна 18 поени за победничкиот состав, три повеќе од Јовановиќ. Во таборот на Соколи, Костадинов имаше 16 поени, а Блажевски го заврши мечот со 14 поени зад своето име.

Бутел, кој успеа да доведе големо засилување со потписот на ветеранот Марјан Јанески, лесно и убедливо го совлада Борец Велес со 100-73. „Бутелци“ имаа одличен офанзивен ден, а клучна за убедливата победа беше последната четвртина што ја добија со 35-17. Јанески одигра одлично на дебито за новиот клуб реализирајќи 25 поени, додека Атанасов го заврши мечот со 20 поени. Елис имаше 26 поени за Борец, додека Сапроновски успеа да реализира десет поени.

ПРВА МАКЕДОНСКА ЛИГА-МАЖИ

ГРУПА „А“

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 12. КОЛО

Тетекс ТТК – Црн Дрим 74:62

Водно санс – Младинец 116:85

25.ЈАНУАРИ (НЕДЕЛА)

18.00: Охрид – Мега баскет

Сала „Билјанини извори“ – Охрид

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/rSCalRoEJm4?si=Px63k56zwZJ7xAM-

Вардар – слободен

ТАБЕЛА

1.Вардар 10 8 2 906:765 18

2.Мега баскет 10 8 2 917:827 18

3.Водно санс 10 6 4 912:787 16

4.Охрид 10 6 4 775:732 16

5.Црн Дрим 10 4 6 782:801 14

6.Тетекс ТТК 10 3 7 723:737 13

7.Младинец 10 0 10 699:955 10

ГРУПА „Б“

РЕЗУЛАТИ И ДВОЈКИ 12. КОЛО

Струмица ФМП – Соколи 1933 78:68

Бутел – Борец баскет 100:73

25.ЈАНУАРИ (НЕДЕЛА)

14.00: Струмица Ролинг – Спортисимо

Сала „Парк“ – Струмица

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/1_zkQ14FnRk?si=DeC62Skc1jB92U2i

Овче Поле – слободен

ТАБЕЛА

1.Струмица ФМП 11 9 2 935:654 20

2.Соколи 1933 11 8 3 991:834 19

3.Бутел 10 7 3 867:761 17

4.Борец баскет 10 7 3 828:728 17

5.Овче Поле 10 3 7 803:799 13

6.Струмица Ролинг 9 1 8 582:883 10

7.Спортисимо 9 0 9 549:898 9

Се вчитува...