По одигрувањето на 11.коло, извесно, ќе биде доста интересно во вториот дел од сезоната, односно по зимската пауза во Првата македонска лига…
ЦРН ДРИМ – ОХРИД 75:66
Доста значаен натпревар одиграа соседите во кој на крајот двата бода му припаднаа на домаќинот на овој меч, екипата на Црн Дрим.
Релативно израмнет беше дуелот во спортскиот центар „Тими“ особено во првото полувреме кое го „добија“ гостите од Охрид, со минимални (38:37).
Но во продолжението, подобра игра на струшкиот прволигаш. По три четвртини Црн Дрим се одвои на (54:51), кои во последниот период ги зголеми и стигна до триумфот.
До него, Црн Дрим (скор 4-5) го однесоа Камилоски, кј постигна 21.поен, потпомогнат од Шабани, стрелец на 15. поени и М. Ѓоровиќ кој дојде до 12. Во гостинската екипа, која сега има ефект (6-4), Американецот Хоукинс постигна 17.поени, Бојоски имаше 15, а искусниот Челик уште 12.поени.
МЕГА БАСКЕТ – ВАРДАР 111:107
Мега баскет му го нанесе и вториот, по ред, пораз на Вардар во досегашниот дел од сезоната. Славеа прилепчани во натпревар со голем број на постигнати поени, вкупно 218!
И што е уште поважно за нив, се изедначија во вкупниот ефект по ова 11. одиграно коло. Двете екипи се на делба на првото место во групата „А“ со ефект од осум победи и два порази.
На полувремето, екипата од Прилеп имаше водство од (51:49), а по израмнетата трета четвртина, во која екипата на Мега баскет сепак го зголеми водството (88:82), двете екипи ја дочекаа последната, со „активен резултат“.
А во последната прилепчани го задржаа и славеа особено важен триумф.
До осмиот успех ги водеа Враниќ, кој реализираше 27.поени. Димитриоски даде 21, Новакот Димитриевски имаше 19, додека Пантелиќ додаде уште 12.поени.
Во екипата на Вардар, одлично поентерско издание имаше Ѓорѓевиќ, кој заврши со 29.поени. Митревски имаше 22, Терзиевски 21, а Стојановски уште 15. поени.
МЛАДИНЕЦ – ТЕТЕКС ТТК 61:91
Тетовци стигнаа до втората победа во првенството, интересно, повторно против екипата на Младинец, но сега и на гостински терен, во Скопје.
Убедливи беа кошаркарите на Тетекс ТТК на гостувањето во салата „Независна Македонија“. Уште во првите десет минути се стекнаа со голема предност (27:9), која со секоја одмината минутс ја зголемуваа и дојдоа до посакуваната цел – победата.
Шуменковски беше првиот поентер во екипата од Тетово, реализираше 26. поени. Крстевски дополни со уште 17, додека Макревски даде 13. поени. Кај Младинец, по 11. реализирани поени имаа Мантев и Крстевски.
БОРЕЦ БАСКЕТ – СТРУМИЦА РОЛИНГ 127:50
Продолжува победничката серија на кошаркарите на Борец баскет. Стигнаа велешани и до седмата победа откако на домашен терен, без проблеми славеа една од најубедливите победи во нивната историја.
Беа многу подобри од екипата на Струмица Ролинг славејќи победа изразена со 77.поени разлика.
Двоецот Несторовски (реализираше 27.поени) и Сапроновски (постигна 26), заедно со Елис, кој постигна 18.поени, го донесоа велешкиот прволигаш до ефект (7-2) со кој држат чекор со водечките екипи во групата „Б“.
Кај гостите, Ѓорѓиев даде 11, а Атанасов имаше уште 10.поени.
ОВЧЕ ПОЛЕ – СТРУМИЦА ФМП 59:96
Полесно од предвидувањата, кошаркарите на Струмица ФМП стигнаа до двата бода на гостувањето во Свети Николе. Екипата која го дели првото место, без особени проблеми стигна до победата против Овче Поле, и со скор од осум победи и два порази останува на делба на првата позиција во групата „Б“ на паузата во Првата македонска лига.
Димитар Пандев постигна 24,поени, Александровски 16, Јовановиќ 14, а Масевски уште 10.поени за гостинската екипа.
Во домашната, Трифуновски постигна 19, а Семедо уште 11.поени.
СОКОЛИ 1933 – БУТЕЛ 74:62
Кошаркарите на Соколи 1933 стигнаа до особено важен триумф во дуелот со екипата на Бутел, кој ги носи на ефект од осум победи и два порази, но и делба на првата позиција на табелата во групата „Б“ (заедно со екипата на Струмица ФМП).
По две одиграни четвртини екипата од Штип водеше со резултат (39:25) Предност која штипјани успеаја да ја сочуваат и да дојдат до победата.
Ја креираа капитенот Караколев, кој реализираше 24.поени и Хамилтон кој заврши со 13, додека на другата страна на теренот, Киров постигна 17, а Хот уште 10.поени.
ПРВА МАКЕДОНСКА ЛИГА-МАЖИ
ГРУПА „А“
РЕЗУЛТАТИ 11. КОЛО
Црн Дрим – Охрид 75:66
Младинец – Тетекс ТТК 61:91
Мега баскет – Вардар 111:107
Водно санс – слободен
ТАБЕЛА
1.Вардар 10 8 2 906:765 18
2.Мега баскет 10 8 2 917:827 18
3.Охрид 10 6 4 775:732 16
4.Водно санс 9 5 4 796:702 14
5.Црн Дрим 9 4 5 720:727 13
6.Тетекс ТТК 9 2 7 649:675 11
7.Младинец 9 0 9 614:839 9
ИДНО КОЛО
Охрид – Мега баскет
Тетекс ТТК – Црн Дрим
Водно санс – Младинец
Вардар – слободен
ГРУПА „Б“
РЕЗУЛТАТИ 11. КОЛО
Борец баскет – Струмица Ролинг 127:50
Овче Поле – Струмица ФМП 59:96
Соколи 1933 – Бутел 74:62
Спортисимо – слободен
ТАБЕЛА
1.Струмица ФМП 10 8 2 857:586 18
2.Соколи 1933 10 8 2 923:754 18
3.Борец баскет 9 7 2 755:628 16
4.Бутел 9 6 3 767:688 15
5.Овче Поле 10 3 7 803:799 13
6.Струмица Ролинг 9 1 8 582:883 10
7.Спортисимо 9 0 9 549:898 9
ИДНО КОЛО
Бутел – Борец баскет
Струмица ФМП – Соколи 1933
Струмица Ролинг – Спортисимо
Овче поле – слободен
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

