Кошаркарите на Кожув ќе се обидат да го изненадат Работнички и да го земат скалпот на лидерот на прволигашката табела, во дербито од 11. коло што со почеток во 19 часот ќе се игра во Гевгелија. Работнички делува супериорно сезонава, претрпувајќи само еден пораз на првите десет натпревари, а најсериозен отпор на тимот на Марин Докузовски во Скопје му пружи токму Кожув, кој загуби во „Градски парк“ со 81-80. Кожув на последниот домашен натпревар го совлада Куманово со 80-69, пред неколку дена пред своите гледачи во рамките од БИБЛ во Гевгелија го совлада и Фени индустри, па сега избраниците на Игор Михајловски ќе се обидат серијата добри игри и резултати да ја продолжат и против Работнички.
Куманово по службениот пораз минатото коло сега важи за апсолутен фаворит на гостувањето во Битола против Пелистер, меч со кој во 14 часот ќе биде отворено ова 14. коло. Вардар патува како аутсајдер на гостувањето против Фени индустри, додека Охрид ќе ја има фаворитската улога на домашниот натпревар против Струмица.
Прва лига, 11. коло:
Пелистер – Куманово, 14 часот
Фени индустри – Вардар, 17 часот
Охрид – Струмица, 18 часот
Кожув – Работнички, 19 часот
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА