Пелистер и Башкими излегоа како победници од дуелите против Шкупи, односно Тиквеш, со што беше комплетирано третото коло од Првата лига по кое Струга и ТЛ се единствените два тима со максимални девет бода на своите салда.
Пелистер по голема борба успеа да слави над Шкупи, откако чаирчани регистрираа уште неколку фудбалери надминувајќи го огромните проблеми со кои се соочуваат на стартот од новата сезона. Отпорот на гостинскиот тим го скрши Ристиќ на почетокот од второто полувреме, а точка на триумфот стави Булатовиќ, за втора победа во низа на „пелистерци“.
Втор триумф прославија и фудбалерите на Башкими, кои како домаќини го совладаа Тиквеш со 3-1. Алексовски беше стрелец на два гола за кумановскиот прволигаш, еднаш прецизен беше Симоновски, додека голот на Мишов во 56. минута за 2-1 се покажа недоволен за гостите од Кавадарци да стигнат барем до бод на овој дуел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

