ПРВА ЛИГА – ПОД ЛУПА: Академија Пандев чекори победнички, Шкендија се врати, Шкупи се ‘клати’…

Никола Станикевски

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

======================================================================================

ТИМ НА 4. КОЛО

Шкендија конечно победи. Тетовци се вратија на домашната фудбалска сцена на начин на кој нивните навивачи и посакуваат да ги гледаат. Убедливата победа од 4-0 против Македонија ЃП потврдува дека премногу е рано за да се отпишат од трката за шампионската титула. Посебно ако се знае дека нивниот најголем конкурент за трофејот, екипата на Шкупи, и тоа како потврдува дека е ранлива со игрите на нишалка – „топло-ладно“. Тоа се виде и со убедливиот пораз на гостувањето од Струга ТЛ. На врвот на табелата по четири кола е Академија Пандев уште еден тим со амбиции за Европа. Ако на тоа се дополни и Работнички, но и непрдвидливата Брегалница, јасно е дека шампионатот ќе биде долг и неизвесен.

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Немања Босанчиќ (Струга ТЛ)

Убедливо најдобриот поединеци во четвртата рунда натпревари. Со хет-трик за само едно полувреме е најзаслужниот за победата на Струга ТЛ на дербито против Шкупи.

===================================================================================

ТРЕНЕР-ПРАГМАТИЧАР НА КОЛОТО: Срѓан Захариевски (Струга ТЛ)

Успеа комплетно да го надмудри тимот на Шкупи извлекувајќи заслужена победа во дерби-пресметката во Струга. Јасно е дека стружани се една од најкомпактните екипи во шампионатот, исклучително незгоден противник за секој тим, а сето тоа во голема мера е заслуга на Захариевски.

=======================================================================================

ГОЛ НА КОЛОТО: Андреј Стојчевски (Академија Пандев)

Андреј Стојчевски постигна убав погодок, луцидно сместувајќи под гредата од голот на Ренова, за израмнување на резултат на 1-1 на синоќешниот натпревар во Струмица. Овој гол беше најава и потоа за пресвртот на „Благој Истатов“ и победата на „пандевци“ за запоседнување на лидерската позиција на табелата.


========================================================================================

СПОРЕН МОМЕНТ НА КОЛОТО: Оправдано повторен пенал во Струга

Многу нервоза кај фудбалерите на Шкупи предизвика одлуката на судијата Александар Ставрев да го повтори пеналот на Босанчиќ во финишот на првото полувреме на мечот против Струга ТЛ. Но, сосема оправдана одлука поради несомнената очигледност дека голманот Наумовски ја напушти гол-линијата при ударот од белата точка на домашните.


========================================================================================

ФОТО НА КОЛОТО: Секој сака пенал… Шест пенали во 4. коло на два меча, во Струга и во Скопје

Се вчитува...