ПРВА ЛИГА ПОД ЛУПА: Вардар се враќа на голема врата, Работнички е најголемо разочарување

Екипа

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

ТИМ НА 16. КОЛО

Тринаесет победи, три нерешени средби и ниту еден пораз за Вардар во есенскиот дел од сезоната. Најтрофејниот македонски клуб ќе ја мине зимата како првопласиран, а потоа во пролетниот дел ќе се обиде да ја врати титулата во своите витрини. Ја заврши есента со победа благодарение на Азер Омерагиќ, кој донесе триумф на тешкото гостување во Ѓорче Петров. Голгетерот на Вардарци во последните две кола има пет голови. Најсериозен конкурент на Вардар во походот кон титулата ќе му биде тимот на Струга ТЛ, а не треба да се отпише и Шкендија, која заостанува шест бодови, но поради Европа, а работите може да се сменат во пролетниот дел. Во секој случај македонската Прва лига ја очекува една од најнеизвесните битки за освојување на титулата, која ќе биде неизвесна до самиот крај. Струга ТЛ направи само еден кикс, и тоа во мечот против АП Брера на домашен терен, во дуелот кој најмалку се очекуваше. Шкендија и Силекс во финишот ги покажаа своите вистински лица, и дојдоа до убедливи победи над Башкими, односно Работнички. Работнички е посебна приказна оваа есен. Од тим кој се натпреваруваше во Европа, до тим кој сега веројатно ќе се пресели во Втора лига. Тешко дека ќе му дојде спасот на тимот од Дебар Маало, особено после неубедливите настапи во есенскиот дел. Шкупи е веќе испаднат, а за да го избегнат најлото ќе се бодат Македонија ЃП, Пелистер, Тиквеш, Брера, Башкими и Арсими. Засега трите скопски екипи се на последните три места кои носат директно во понизок ранг. И, ако работите не се променат во некои од овие клубови, тогаш лесно може да се случи Втора лига. Затоа ќе биде најпрво интересен преоден рок, подготвителен период, а потоа на пролет во нови возвубудувања, како за врвот така и за испаѓање.

====================================

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Азер  Омерагиќ (Вардар)

Второ коло по ред, вардаровиот капитен Азер Омерагиќ го понесува епитетот играч на колото. Неговите два гола донесоа пресврт и победа за Вардар, и што е најважно есенска круна за „црвено-црните“. Доколку се случеше да кикснат, тогаш Струга ќе презимеше како првопласирана, но тоа не го дозволи Омерагиќ кој од 0-1, со неговите два гола го сврте резултатот на 2-1.

================================

 

 

 

ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Александар Васоски (Силекс)

Силекс со убедливи 0-3 на Националната Арена го доби натпреварот против Работнички, кој е целосно разочарување во Првата лига сезонава. Токму од тука Александар Васоски е тренер на колото во ПМФЛ. И не му беше лесно на тренерот на Силекс, особено психолошки да ја крене екипата после разочарувачкиот пораз од Арсими на домашен  терен од 1:3, и да ја заврши годината победнички.

==============================

ГОЛ НА КОЛОТО: Меметриза Хамза (Струга ТЛ)

Голот на колото оди зад името на Меметриза Хамза. Играчот од средниот ред на второпласираниот тим на табелата постигна гол вреден триумф во Кавадарци. Откако ја собра одбиената топка од голманот Тасев по ударот на Шабани, Хамза со прекрасен лоб удар го совлада чуварот на мрежата на Тиквеш, погодок кој на крајот ќе се покаже победнички за стружани.

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ ПОСЛЕ 16. КОЛО:

Се вчитува...