Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.
ТИМ НА 2. КОЛО
Фаворитите продолжуваат очекувано на стартот на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Најтрофејниот Вардар успеа да слави на гостувањето кај секогаш незгодниот Тиквеш со 1-2 во еден бурен натпревар кој помина со многу инциденти. Актуелниот шампион Шкендија ја оправда фаворитската улога против Македонија ЃП славејќи на гостински терен со 1-3. До гостинска победа стигна и Струга ТЛ (1-2) кај дебитантот во елитата Арсими. Шкупи продолжува да се соочува со големи проблеми. Чаирчани поради немање на терен не го одиграа натпреварот против Силекс (службени 0-3), па сега се доведува во прашање и настапот на овој тим во понатамошниот дел од шампионатот. Башкими славеше над Работнички со 0-2, додека Пелистер беше подобар од АП Брера со 1-2.

====================================
ИГРАЧ НА КОЛОТО: Мислав Матиќ (Вардар)
Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар стигна и до вториот триумф во новата сезона во ПМФЛ откако славеше на секогаш тешкото гостување во Кавадарци против Тиквеш (1-2). Одличен натпревар одигра дефанзивецот Мислав Матиќ кој феноменалната игра ја круниса и со погодок. Затоа заслужено е избран за играч на 2. коло во ПМФЛ.
================================

ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Муарем Муарем (Башкими)
Повратникот во Првата македонска фудбалска лига Башкими стигна до првата победа во новата сезона. Кумановци одиграа олдичен натпревар и повеќе од заслужено славеа над Работнички со 0-2. Стратегот на Башкими, Муарем Муарем одлично го подготви својот тим за овој меч, па затоа заслужено е избран за тренер на 2. коло во ПМФЛ.
==============================
ГОЛ НА КОЛОТО: Сикири Олатунбосун (Арсими)
Дебитантот во ПМФЛ Арсими загуби на домашен терен од Струга ТЛ со 1-2, но натпреварот дефинитивно го одбележа убавиот погодок на Сикири Олатунбосун кој заслужено е избран за најдобар на оваа рунда во ПМФЛ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
