Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.
====================================================================================================
ТИМ НА СЕЗОНА
ЕКИПА.МК на крајот на сезоната 2022/2023 година ги избира најдобрите на сезоната во Првата македонска фудбалска лига. Најдобриот тренер, најдобриот фудбалер, како и тимот на полусезоната, најубавиот гол и фотографијата на сезоната. Признанието за најдобар тренер сезонава го поделија тренерите кои испишаа историја во Струга Трим и Лум, Шпетим Дуро и Срѓан Захариевски. Првиот по неговото доаѓање не доживеа ниту еден пораз во 13 меча, додека вториот ги постави темелите на овој тим кој го покори мак-фудбалот. За најдобар фудбалер во шампионатот е избран Буњамин Шабани… Фудбалерот на Струга ТЛ одигра феноменална сезона во која беше еден од главните виновници за историската прва титула на стружани. Друштво меѓу најдобрите единаесет му прават и: Ведран Ќосевски (Струга ТЛ), Гаги Маргвелашвили (Шкупи), Сава Радиќ (Струга ТЛ), Клинсман Цаке (Шкендија), Аденис Шаља (Шкендија), БУЊАМИН ШАБАНИ (Струга ТЛ), Фреди Алварез (Шкупи), Марјан Ристовски (Силекс), Реналдо Цефас (Шкупи), Бесарт Ибраими (Струга ТЛ) и Љупче Дориев (Шкендија).
====================================
ИГРАЧ НА СЕЗОНА: Буњамин Шабани (Струга ТЛ)
За најдобар фудбалер во шампионатот е избран Буњамин Шабани… Фудбалерот на Струга ТЛ одигра феноменална сезона во која беше еден од главните виновници за историската прва титула на стружани.
================================
ТРЕНЕР НА СЕЗОНА: Шпетим Дуро и Срѓан Захариевски (Струга ТЛ)
Шпетим Дуро и Срѓан Захариевски се тандемот кој и повеќе од заслужено го добива признанието тренер на сезоната. Дуро по неговото доаѓање на клупата на Струга во тринаесет натпревари не доживеа ниту еден пораз, но мора да се даде кредит и на Захариевски кој е главниот виновник за овој успех на стружани и човекот кој ги постави темелите на европска Струга.
=============================
ГОЛ НА СЕЗОНА: Иван Галевски (Победа)
Победа го заврши своето патешествие во ПМФЛ откако проблемите со финансии и настапот со младинци доведе да завршат последната позиција на табелата. Прилепчани дури во 5. коло го освоија првиот бод во новата сезона, и тоа на жешкото гостување на „Чаир“. А тоа го сторија благодарение на ремек делото на Иван Галевски. Крилниот фудбалер на прилепчани се „прошета“ низ одбраната на Шкупи, и погоди прекрасно во голот. Токму овој погодок на Галевски е избран за најдобар на сезоната.
ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ СЕЗОНА
==================================
ФОТО НА СЕЗОНА: Струга шампион!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА